Казнети се 247 возачи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што информираа од МВР, 106 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.