Санционирани се 46 возачи во текот на вчерашниот ден на територијата на СВР Битола во рамки на спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната.

Од нив, информираа денеска од МВР, 32 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 14 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.