Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден спровело засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 336 возачи.

Од нив, како што се посочува, 21 возилo се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 202 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 134 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 117 други видови прекршоци.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.