Казнети се 92 возачи во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што информираа од МВР, 121 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 72 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.