Во засилена акциска контрола во сообраќајот, вчера на територијата на целата држава полицијата казнила 842 возачи за возење со брзина поголема од дозволената.

МВР информира дека од нив, 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 399 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 443 надвор од населено место.

– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти МВР.