На 22.01.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Кавадарци, 57-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице.
Според пријавеното, лицето се претставило како претставник на странска банка со претставништво на Балканот и се договориле да ѝ помогне да добие кредит со ниска каматна стапка.
Како што е пријавено, таа во текот на месецот во неколку наврати уплатила по 270 евра за наводната услуга, но тој барал да префрли уште пари, а не добила ништо и сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.