Советот на Општина Бутел донесе одлука според која родителите на децата со попреченост се ослободуваат од плаќање партиципација за користење на услугите на градинките.
Одлуката е изгласана по предлог на градоначалникот Дарко Костовски, а со неа се опфатени децата кои имаат наод или мислење од стручна установа или специјалист.
– Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемените сметки и зголемените трошоци за живот, Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат родителите. Ова е уште една од низата мерки со која директно се помага на родителите, соопшти Костовски.
Според него, општината со низа проекти се обидува да ги ублажи ефектите од огромната финансиска криза во која се наоѓаат граѓаните на Македонија.