ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати обвинувања кон СДСМ по информациите за полициска акција во Србија во која се запленети пет тони марихуана.
Од партијата порачаа дека СДСМ одговорите за случајот треба да ги бара кај поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче.
- „СДСМ прашува како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Во рамки на акцијата на српската полиција, уапсен е и Иван Драгниќ, кој е косопственик на македонска компанија за производство и преработка на медицински канабис.
познатиот сопственик на фабрика за марихуана
