Како што информира МНР, досега 330 наши државјани се сликаа, а 200 од нив веќе ги добиле новите биометриски пасоши.
Според амбасадорот Ненад Колев, со новата постапка за мобилно издавање на пасоши исчезнаа долгите редови на наши државјани кои чекаа пред Амбасадата.
– Дијаспората во Австрија го поздрави поставувањето на базна станица за земање на биометриски податоци на граѓаните за пасош во просториите на амбасадата во Виена и го оцени како вистински потег. Со оваа постапката за добивање нови пасоши, кои и натаму се изработуваат во Скопје, се скрати на само еден месец, од шест месеца во нормални услови, до девет месеца во време на короната. Воедно, речиси и да исчезнаа огромните редици од наши граѓани кои пред конзуларното одделение на Амбасадата чекаа за патни листови!, истакна Колев.
Воедно, и дијаспората упати пофални зборови.
„Многу сум задоволна што го добив пасошот само за три недели!“ и „Mногу сум благодарен! За еден месец ги добивме пасошите. Благодарам од срце! И понатаму со ваков успех и со ваква добра работа!“, се само некои од изјавите на нашинците.
– Скратувањето на постапката за издавање на патни исправи, беше најчестото барање на нашите државјани кои живеат во странство, а кое го изразија на сите досегашни спроведени анкети. Министерството за надворешни работи секогаш ги зема во предвид барањата на нашата дијаспора и на таа основа ги изготви многубројните тековни проекти, со цел подобрување на услугите кои ги нудат дипломатските и конзуларните претставништва на земјава во светот, се додава во соопштението.