Агенцијата за управување со одземен имот информира дека продолжува враќањето на паричните средства во буџетот на државата од одземениот имот на поранешниот директор на УБК – Сашо Мијалков.

Како што информираат, станува збор за градежно неизградено земјиште со површина од 3880,15м2 и шума со површина од 634,38м2, кои што се наоѓаат на место викано Г. Курило на КО Центар 2, одземени со правосилна пресуда I KOK-ПП.бр.283/2022 од Основен кривичен суд Скопје.

Информациите се дека „со продажбата на овие недвижности во буџетот на државата ќе се уплатат средства во висина од 126.638.882,00 денари или 2.059.000 евра“.

Агенцијата за управување со одземен имот со ова објава ги повикува и охрабрува сите заинтересирани правни и физички лица без страв и притисок да земат учество на јавната лицитација на Веб страната http://www.odzemenimot.gov.mk/%d0%begl%d0%b0si.aspx