Техничкиот премиер не сака ниту да чуе за хашките случаи, откако бо писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ бара да се поништи амнестијата за нив и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.
„Завршена е таа приказна. Законите се донесени и завршено е, заокружено“ – рече Талат Џафери кој неколку пати се обиде да го одбегне одговорот на прашањето и покрај упорноста на колешката.
Станува збор за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите случаи.