Бројот е рапидно зголемен. Почнувајќи од 1-ви јануари, за еден месец, имаме околу 70 породувања на ковид позитивни трудници, истакна директорката на скопска Гинекологија која беше гостинка на телевизија Сител.

-Лани за цела година имавме 142 трудници кои се породија, а беа ковид позитивни. За среќа, клиничката слика на овој сој омикрон, е многу полесна, но не смееме да се базираме на тоа дека пациентките се со полесна слика бидејќи има и пациентки кои завршуваат кобно и во другите земји и кај нас, истакна директорката Викторија Јовановска.