Според податоци на лондонската берза ICE, цената на јануарските фјучерси на TTF во Холандија заврши на 2.190,4 долари за илјада кубни метри, или 187,47 евра за MWh, што е скок од 27 отсто на дневно ниво.

Цената на гасот во Европа е повисока за 15,5 пати од декември 2019 година, а во однос на минатата година се зголеми за 9,8 пати.

Заменик-претседателот на Управниот одбор на Гаспром Холдинг, Фамил Садигов изјави дека рускиот гасен гигант очекува дека цените на гасот постепено ќе паѓаат во следните две години, но ќе останат над претходното ниво.