Во периодот од 8 ноември до 14 ноември со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 92 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 80 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштија од ЈП Паркинзи на Општина Центар.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците, стои во соопштението.