-Во периодот од 01.11. до 07.11.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 96 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 82 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ПОЦ.

ЈП ПОЦ и Општина Центар потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.