На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија.
Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.
Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 проценти