Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат Денот на светите апостоли Петар и Павле.
Црквата го празнува овој ден на 12 јули секоја година, а следниот ден е соборниот празник на Дванаесетте големи Апостоли заедно.Сe смета за еден од најголемите празници по Велигден.
Именден празнуваат сите кои го носат неговото име: Петар, Петре, Петра..
Постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.
Со Петровден завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време.