Европското ембарго на руската нафта е можно „за неколку дена“, оцени германскиот министер за економија Роберт Хабек, иако засега нема неопходно едногласност во Унијата по тоа прашање.

„Остануваат само неколку земји, пред се Унгарија, кои посочија проблеми“, изјави синоќа Хабек за јавната телевизија ЗДФ, но додаде дека „преговорите продолжуваат“ и оти смета дека „ќе успеат да нарават напредок за неколку дена“.

ЕУ веќе најави прекин на увозот на руски јаглен од август, но се уште се разговара за воведување ембарго на руската нафта до крајот на годината. Одлуката бара едногласно одобрување од државите членки.

„Ембаргото е многу блиску“, рече Хабек.

Брисел планира да го прекине увозот на руска нафта во следните шест месеци и преработени производи до крајот на 2022 година, но засега Унгарија одбива да го прифати овој шести пакет санкции предложен од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, бидејќи нема гаранции за одржување на снабдувањето .