Вкупно 144 возачи се казнети во текот на вчерашната засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување што ја спроведе Министерството за внатрешни работи на целата на територија на државата.
Најголемиот број од прекршоците 95, посочи МВР, се однесуваат на престигнување на места каде е забрането престигнување, а 22 се за престигнување на непрегледно место.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат со засилените акциски контроли и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.