Показна вежба за последиците од употреба на пиротехника се одржа денеска на плоштадот Македонија во Скопје.
Организатори беа СВР Скопје – Одделение за превенција и Црвениот крст на град Скопје. Вежбата беше во склоп на кампањата за превенција од употреба на пиротехнички средства, а во која се презентираа ризиците од употреба на пиротехника, со цел да се влијае на свеста на граѓаните да не ги употребуваат, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
На граѓаните им биле поделени едукативни материјали изработени во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
-Министерството за внатрешни работи продолжува со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници. МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба. Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено пу ка од огнено ору жје, употребува пиротехнички средства или сличен експ лозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните, нагласуваат од Министерството.
Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со ор ужје или распрскувачки материи.
-Притоа, тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено ор ужје, мун иција или експл озивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено ор ужје, мун иција или експ лозивни материи, или огнено ору жје, мун иција или експ лозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор, потсетуваат од Министерството.