Во автобусот патувале 52 лица на релација Истанбул-Скопје. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои биле сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

За помалку од три години, ова е втора голема автобуска трагедија, со голем број на жртви. Имено, на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци на автопатот Скопје-Тетово околу 17 часот се случи автобуска несреќа во која животот го загубија 16 лица

Автобусот на „Дурмо турс“ тогаш излетал од патот Тетово-Скопје и паднал во провалија откако ја пробил заштитната ограда на автопатот. На 14 февруари пак во Гостивар беше оддржана комеморативна седница за загинатите во несреќата, а исто така била прогласена тридневна жалост на ниво на општината.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против шест лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот кои резултираа со тешката сообраќајна несреќа на автобусот на „Дурмо турс“ во која 16 лица го загубија животот, а вкупно 38 патници се здобиja со тешки телесни и телесни повреди.

-Во временскиот период од 02.07.2018 година до 13.02.2019 година, обвинетиот сопственик на фирмата превозник и обвинетото одговорно лице за возниот парк на превозникот, не се придржувале кон прописите за безбедност на автобускиот сообраќај за масовен јавен превоз. Иако биле свесни дека може да настапи штетна последица, предизвикале опасност за животот и телото на луѓето кои се превезувале во автобусот на критичниот ден на релација Скопје-Гостивар, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Случајот „Ласкарци“ заглави во судските лавиринти и се претвори во најдолго судење за сообраќајна несреќа, од која речиси не се извлекла никаква поука околу безбедноста на автобусите со кои се превезуваат патници.

Утрово уште една страшна автобуска несреќа ја разбуди Македонија, откако во соседна Бугарија целосно изгоре македонски автобус во кој животот го загубија 46 патници, меѓу кои и деца, а седум се згрижени во Болница во Софија и се надвор од животна опасност.

Најмалку 46 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“, јави БГНЕС.

Во автобусот патувале 52 лица на релација Истанбул-Скопје. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои биле сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

– Во „Пирогов“ се сместени шест лица, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Двајца се со изгореници на дланките, другите имаат рани. Луѓето се во тешка траума, изгубија роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот, па оттука и повредите, изјави проф. Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници во „Пирогов“.

Автобусот кој рано утринава направи сообраќајна несреќа во Бугарија, а во кој загинаа најмалку 46 лица, е на превозникот „Беса транс“ кој организира туристички и шопинг тури за Истанбул.

Според првичните информации, во автобусот се превезувале млади лица кои се враќале од екскурзија од Турција.