Првиот човек на ЈПДП, Коце Трајановски и министерот за транспорт Александар Николоски успешно го креваат туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион. По цели четири децении од Охрид до Свети Наум почнува да се вози по нов пат.

Завршува во рок рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Рехабилитиравме 24,3 км и инвестиравме 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈПДП, информира директорот Коце Трајановски.

Трајановски додаде дека е зголемена безбедноста во сообраќајот, извршено е растоварување на косините и монтирана е заштитна челична мрежа.

Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија. Извршивме растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа на косините. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот. Привршуваме со поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и со означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда, додава Трајановски.

Повеќе може да погледнете од фотографиите во продолжение.

Овој магистрален пат е исклучително значаен не само затоа што е главна туристичка сообраќајна делница, туку и затоа што не поврзува регионално. Трајановски заклучува дека Владата заедно со министерствата и институциите реализараат проекти со кои се подобрува патната мрежа во охридскиот регион и во нашата убава Македонија!