Нов Јужен Велс, австралиската држава во која се наоѓа Сиднеј, потврди рекордни 1.039 случаи на инфекција во изминатите 24 часа.
Повеќе од 15.000 луѓе се заразени во Сиднеј од средината на јуни, а инфекцијата се прошири во помалите градови, поради што мерките против коронавирусот се повторно воведени.
Во Мелбурн, кој се наоѓа во државата Викторија, денеска се регистрирани 80 заразени лица.
Околу 25 милиони жители на Австралија моментно се наоѓаат во карантин, а граѓаните на Сиднеј не ги напуштаат своите домови повеќе од два месеца.