Во текот на вчерашниот ден во 16.15 часот на ул.„Алексо Демниевски“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Н.А.(23) од Велес затоа што претходно од пиштол испукал неколку куршуми во воздух.
Од МВР велат дека пиштолот бил пронајден и одземен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.