Владата на ВМРО-ДПМНЕ го исполнува тоа што го вети во предизборието. На контото на пензионерите утрово веќе стигнаа покачените пензии од 2500 денари. Со ова зголемување, нивното покачување на пензиите од 5000 денари.

Се реализира ветеното

Пензионерите за девет месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат зголемување од 5000 денари. Ветувањето за покачување на пензиите на Владата од ВМРО-ДПМНЕ се реализира побрзо од ветеното. За само девет месеци нова власт покачувањето ќе биде линеарно, а истото ќе биде по 5000 денари за поединец.

(ВИДЕО) Мицкоски за зголемените пензии: Toa што го ветивме, го остваривме

Пензионерите со ново зголемување: Од денеска 2.500 денари повисоки пензии

На сметките на над 340.000 пензионери од денеска ќе легнат зголемени пензии за 2.500 денари. Ова е второто линеарно покачување, по првото зголемување во септември минатата година, кое исто така изнесуваше 2.500 денари.

Буџетска поддршка за зголемени пензии

За покачување на пензиите од 5000 денари во тековната година, во Буџетот се предвидени 1,715 милијарди евра.

Според премиерот Христијан Мицкоски, ова покачување има за цел да ја намали разликата во примањата меѓу најбогатите и најсиромашните граѓани.

„Над 340.000 пензионери во Северна Македонија од денеска добиваат за 2.500 денари повисока пензија. Со линеарното покачување во септември и сегашната мартовска пензија, за само девет месеци мандат пензионерите добиваат вкупно 5.000 денари зголемување“, соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Владата со мерки за подобар живот на пензионерите

Од Министерството додаваат дека ќе продолжат со креирање на политики и мерки кои ќе го унапредуваат квалитетот на живот на пензионерите. „Како Влада и ресорно министерство ја потврдуваме грижата за нашата највозрасна категорија на граѓани“, се наведува во нивното соопштение.