Од утринава на територија на целата земја се активни само два пожари во Прилепскиот и во Кривопаланечкиот Регион
Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие добиле пријави за 23 пожари, од кои два биле пријавени утринава. Од утринава гори во селото Крпља во Општина Крива Паланка, а на местото на пожарот е упатена екипа со 3 пожарникари и едно противпожарно возило. Нешто подоцна, во гаснење на пожарот се приклучиле и вработени лица од ЈП „Национални шуми“ – подружница Осогово.
„ Денеска сѐ уште е активен пожарот од вчера во Општина Прилеп. Заради брзото ширење на пожарот беше интервенирано со три авиони на ДЗС кои направија два прелета“, информираат од ЦУК.
Од ЦУК информираат дека во пожарите гореле нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ѓубре, а најмногу пожари се регистрирани во Куманово – пет, два пожари имало во Прилеп, три во Скопје и по еден во Виница, Штип, Тетово, Гостивар, Пробиштип, Охрид, Македонски Брод, Демир Хисар, Дебар и Липково.
Од останатите пријавени пожари се изгаснати пет пожари во Куманово, два во Прилеп и по еден во скопските општини Сарај, Бутел и Аеродром, како и во Демир Хисар, Охрид, Македонски Брод, Дебар, Виница, Штип, Пробиштип, Тетово, Гостивар и Липково.