Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска сподели дека Општината го започнува новиот мандат со јасна цел – повеќе зеленило, повеќе живот, повеќе грижа за иднината.

„Според новото правило: за секои 10 м² новоградба се засадува 1 нов садник на јавна површина. Така секој нов проект носи дел од природата назад во нашиот град“, потенцираше Митески.

Тој објаснува дека Аеродром се сака со дела и затоа зелената офанзива била веќе во акција.

„Утринава, заедно со општествено-одговорна компанија, засадивме висококвалитетни садници јавор и јасен покрај бул. „Јане Сандански“, кај игралиштето „Калистеника“. Таму каде што имаше бетон – од денес расте нов живот. Ова е нашето ветување: Аеродром станува уште позелен, чекор по чекор, садник по садник“, порача Митески.