За Социјалистичката партија на Македонија начелно е прифатлива преамбулата од хрватскиот Устав да се примени и во измените во Уставот на Република Македонија.
„Социјалистичката партија на Македонија го задржува принципиелниот став и инсистира на условување на уставните измени со реципроцитет во бугарскиот Устав и наведување на македонското малцинство во него.
Меѓутоа, како што е претходно напоменато од наша страна, сметаме дека овој парламентарен состав нема добиено мандат за било какви уставни измени.
Оттаму е потребата за одржување брзи предвремени парламентарни избори, став зад кој Социјалистичката партија на Македонија цврсто стои.
Воедно, Социјалистичката партија на Македонија не е подготвена и исклучува секаква можност да започне било каков дијалог со СДС, сметајќи го тоа за чин спротивен на изградените партиски ставови и нарушување на концептот за заштита на националните и државните интереси“ – велат од партијата.