Во одговор на прашањето на Гласот на Америка за обвинувањата на Бериша против амбасадорката Ким дека се однесува како гувернер во Албанија и дека го поддржува премиерот Еди Рама, портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс рече дека „Вашингтон е загрижен поради неоправданите напади врз нашата амбасадорка во Тирана“.

-Овие грди напади не го претставуваат албанскиот народ. Како што е наложено од Вашингтон, амбасадорката Ким јасно ги објасни и имплементира политиките на САД, вклучително и решеноста на претседателот Бајден да ги повика на одговорност оние кои се вклучени во корупција или ја поткопуваат демократијата, изјавил тој.

Соединетите Американски Држави, нагласува понатаму портпаролот, високо ги ценат односите со албанскиот народ.

– Следната година ќе ја прославиме 100-годишнината од воспоставувањето на односите меѓу двете земји. Нашите односи, го преживеаја комунизмот и диктатурата, поради заедничката посветеност на демократијата и меѓусебното почитување, заклучува портпаролот.

Бериша на Националното собрание, што го свика, а се одржа на 11 декември на статионот „Ер Албанија“и во ова прилика не ја поштеди од критки амбасадорка Ким за која рече дека се однесува како гувернер „идентичко како поранешните руски амбасадори во Тирана“.

Стејт департментот во мај годинава го прогласи Бериша и неговото семејство за персона нон грата поради внешаност во корупција.