Пожар во Батинци

Избувна оган и над селото Батинци, едниот крак претставувал закана и за куќите и населението. Се гаснело и од копно и од воздух. За три часа пожарот е ставен под контрола.

Три противпожарни возила, 12 пожарникари први влегле во битка со огнот.

Гаснење и од воздух

Надлежните барале во гаснењето да се вклучат и воздухопловите два авиони ер-трактори и хеликоптерот на МВР. Иако нема оган, опасност сè уште демнее над селото.

Ова е трет пожар за три дена во општина Студеничани, сомнежот е дека намерно се пали, но чекаат официјална потврда од надлежните власти.