Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Вилнус оствари средба со својот домаќин, литванскиот министер за надворешни работи Кештутис Будрис.

Во фокусот на разговорите беше потребата од заеднички и засилен ангажман за забрзување на процесот на европските интеграции, особено во светло на претстојното литванско претседавање со Советот на ЕУ.

Министрите изразија задоволство што посетата се случува во годината кога двете држави одбележуваат 30 години дипломатски односи. Муцунски ја искористи средбата да изрази благодарност за:

Континуираната поддршка од Литванија за европскиот пат.
Солидарноста и помошта што земјата ја доби по пожарот во Кочани.
На средбата беа разгледани и актуелните безбедносни прашања, вклучително состојбата во Украина и партнерството во НАТО.