Така, Италија може да стане првата европска земја во која ковид- дозволата ќе биде задолжителна за сите работници. Италија се одлучила на овој чекор со цел да принуди повеќе луѓе да се вакцинираат и да го потиснат ширењето на инфекцијата.
Пропусницата, во дигитална или хартиена форма, првично е дизајнирана за да го олесни патувањето меѓу членките на ЕУ, но Италија го бара овој документ како предуслов за влез во музеи, спортски сали и ресторани во затворен простор.
Министерот Гелмини рече дека утрешниот состанок на владата ќе биде важен момент во врска со продолжувањето на задолжителното поседување на тој документ.
-Се движиме кон задолжителна ковид – потврда не само за работниците во јавниот, туку и во приватниот сектор, додаде Гелмини.
Околу 73 проценти од 60 -те милиони жители примиле барем една доза, а 65 проценти биле целосно вакцинирани. Утрешната средба би можела да биде многу напната и останува да видиме дали владата ќе отиде до таму како што го најави Гелмини, министер од конзервативната партија на Силвио Берлускони, Форца Италија.
Противниците на ковид- дозволите тврдат дека овој документ, како задолжителен, ги крши слободите на граѓаните и силно сака да воведе присилна вакцинација. Неколку европски земји го користат здравствениот сертификат за рекреативни активности и патувања, но ниту една не го прогласила за задолжителен за сите работници во јавниот или приватниот сектор.