Договорите, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, се од областа на инфраструктурата, дијаспората, енергетиката, економијата, туризмот безбедноста, иноваци и технолошки развој и други области.
Владата, на вчерашната 106-та седница ги утврди пакетот договори и меморандуми за соработка со Република Косово, кои што се предвидени да бидат потпишани на заедничката седница.
– Оваа информација произлегува како резултат на ангажманот на работната група составена од претставници од двете влади. Целта е да се задржи континуитетот во развивањето на добрососедските односи, имајќи предвид дека вакви седници беа одржани и со другите соседни земји, информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа.
Придобивките, посочи Хоџа, од средбите се подобрување на трговската размена, подобра комуникација на граѓаните и бизнисот од двете страни, проекти од заемен интерес и подобра меѓугранична соработка.