Време е за вистински проекти – да ја вратиме љубовта кон Карпош
„Постои една стара изрека која вели: доколку не напредуваш, не значи дека стоиш во место – ти назадуваш. Токму така се чувствував јас во последните години, и токму затоа решив да се кандидирам,“ изјави Лукровски, додавајќи дека неговата кандидатура е поттикната од желбата да направи нешто вистински корисно за општината.
Лукровски истакна дека Карпош е убава општина благодарение на генерации вредни жители, но дека сегашната локална власт не го следи тој пример.
„Во својот мандат тие не сторија ништо за општината, туку само за лична корист,“ нагласи Лукровски, кој додаде дека во изминатите недели имал бројни средби со граѓани, здруженија и експерти од различни области, по што ја оформил својата програма базирана на реалните потреби на Карпош.
Тој потенцираше дека не сака да ветува празни зборови, туку дела и искрен пристап кон граѓаните.
„Јас не сум човек политичар. Решив да направам нешто од општествена корист. Доколку ја делите мојата енергија, визија и спремност, ве молам на 19 октомври да заокружите број 9. Доколку мислите спротивно, не се лутам,“ рече Лукровски.
На крајот, тој испрати порака со оптимизам и единство:
„Верувам дека во Карпош постојат луѓе кои заедно со мене, со љубов за Карпош, можат да направат многу повеќе.“