Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека околу 40.000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк.
Премиерот истакнува дека финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2.400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН.
-Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските услови, а освен во угостителски објекти, ќе можат да ги користат и во маркети. Мерката можат да ја користат користат редовните студенти од државните и приватните универзитети, стои во неговата објава.