Заев напиша:

– Со договорот се гарантира намерата на владите на двете земји да ја прошират соработката во секторот за гас, преку промовирање на интерконекцијата на гасните системи. Ова е голем чекор напред кон поразвиена енергетска инфраструктура на нашата држава и во регионот и придонес кон обезбедувањето разновидност во снабдувањето со природен гас. За нас, една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрувањето на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Северна Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор

Договорот беше потпишан денеска во Атина од страна на министерот за економија Крешник Бектеши и грчкиот министер за животна средина и енергија Костас Скрекас.