Џафери на брифингот со новинарите, рече дека за денеска не може да свика нова седница затоа што има пратенички прашања. За да се одржи посебна седница Владата треба да достави нови материјали.

Претседателот на Собранието, не сака да се сретне и да разговара со опозициската ВМРО – ДПМНЕ.

Во однос на најавата на премиерот за вонредна, состојба Џафери рече дека тоа во овој момент не треба да се размислува затоа што не може да се реализира од причини што за нејзино прогласување потребно е 2/3мнозинство.