Премиерот Зоран Заев верува дека ќе се изнајде конечно решение за исчекор во спорот со Бугарија. Според него, има добра основа низ португалскиот предлог да се изнајде решение со Бугарија.

– Да замолам за решение на прагматични основи, знаејќи дека никој не сака да погази врз нашиот македонски јазик и македонски идентитет. Така и ќе биде, но сепак решението мора да го најдеме ние двете пријателски земји, изјави Заев.

Бугарија бара гаранции. Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека Бугарија има најголем интерес за евроинтеграцијата на нејзините соседи, но вели дека на проширувањето не треба да се гледа механички.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев пак вели дека пречка за Патоказот не беше Германија, туку Михаел Рот.

Деновиве за проектот „Илирида“ и нон пејперите кои се појавија претходно, Заев рече се сигнал за Бугарија и за ЕУ.

Советот на ЕУ не дозволува објавување на нон-пејперот за прекројување на границите во регионот.
Македонија не ги почна преговорите прво поради вето од Франција, а потоа и поради ветото од Бугарија.