Како што рече, одењето на работа и извршување на министерската функција се додека не биде правно-формално тргнат од неговата функција, како министерот, така и заменикот министер и директорот на Тетовската болница, како и економскиот директор, е нивна обрска.

Го разбирам високиот морален чин за оставките на министерот и на заменикот министер за здравство, на директорот и на економскиот директор на болницата, но не мислам дека целата влада треба да си поднесе оставка, изјави премиерот Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани со трагедијата во Тетово во која изгоре модуларната болница при што животот го загубија 14 луѓе.

-Експерти форензичари од МВР заедно со тимови работат и експерти од Дирекцијата за заштита и спасување работат. Важно ми е да има брз резултат и да биде исклучително експертски и професионално поставен и да ги даде сите одговори на граѓаните, нагласи премиерот Заев.