Република С. Македонија, како земја потписничка на договорот за основање на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе продолжи активно да ги поддржува програмите на регионалната канцеларија која има седиште во Тирана, како исклучително важна точка за поврзување на младите од регионот на Западен Балкан, истакна премиерот Зоран Заев на средбата со новоизбраниот генерален секретар на RYCO на земјите од Западен Балкан, Алберт Хани, кој оваа функција ја презеде како претставник на нашата земја.
Од Владаta информираа дека на средбата, на која присуствувал и Ѓорги Тасев, советник за млади и младински политики во Канцеларијата на претседателот на Владата, премиерот му посакал успешен мандат на Хани во спроведувањето и координацијата на програмите на оваа Организација чија цел е остварување на максимална мобилност и поврзување на младите од регионот како неопходен услов за помирување, соработка и за нивната заедничка иднина.
Генералниот секретар RYCO, кој на средбата го придружуваа и членот на Управниот одбор на RYCO Блажен Малески и директорот на локалната канцеларија на организацијата во Скопје Владимир Ѓорѓевски, истакнал дека С. Македонија во оваа регионална мрежа е препознаена како една од најактивните земји во регионот и дека некои од младинските политики се земени за пример за успешна имплементација на најважните прашања за младите.с