– Најголемата награда за нашиот подвиг е тоа што обезбедивме иднина за младите кои ги зближуваме. Радосни сме што нижеме признанија, голема чест е што и светот ја препознава големината на нашиот подвиг остварен со Договорот од Преспа. Уште една средба со драгиот пријател Алексис Ципрас пред утрешната церемонија по повод доделувањето на Меѓународната награда за мир на Вестфалија, стои во објавата.
Како што информираше претходно владината прес-служба, на Заев утре во Мунстер, Сојузна Германија, на свечена церемонија, ќе му биде врачена Меѓународната награда за мир на Вестфалија, која за 2020 година им беше доделена нему и на поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.
– Во образложението за наградата се истакнува дека „Зоран Заев и Алексис Ципрас постигнаа историски договор кој како пример за врвен дипломатски пристап, реши отворено прашање и со тоа, меѓу другото, дадоа значаен придонес за стабилноста на Балканскиот регион, стои во соопштението.
На свечената церемонија во Мунстер, наградата на двајцата лауреати ќе им ја додели претседателот на Латвија Егилс Левиц, како претставник на трите балтички земји кои оваа награда ја добија за 2019 година.