Заев вели дека одлуките се носат на органите и телата на партијата. Тој денеска се сретна со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.

-Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме, рече Заев.

Гаши рече дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата.

-Земјава е исправена пред многу важен момент а тоа е очекувањата во декември конечно да ја оствариме големата цел, долгогодишното ветување од ЕУ, започнување на преговори за влез во Унијата и да ја закажеме првата меѓувладина конференција. Тоа е нешто кое мора да биде одговорност на сите во државата, затоа што не би сакале Република Македонија да остави изговор пред ЕУ дека сме нестабилни и не се знае кој е парламентарно мнозинство во услови кога ќе се носат големите одлуки, рече Заев.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, пак, истакна дека неговата партија мора да размисли за идните чекори.

– Премиерот Зоран Заев бараше од нас да станеме дел од парламентарното мнозинство, но факт е дека ние пред една недела имавме иницијатива за да падне владата. Сега имаме две опции: првата е да се приклучиме на парламентарното мнозинство, а втората е да продолжиме со соработката со опозицијата. Ќе дискутираме во партијата ќе го донесеме најдоброто решение. Ќе продолжи нашата комуникација и ќе зборуваме многу отворено, па убеден сум дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас – рече Гаши.