Заев, како што најави, ќе остане одредено време на премиерската функција, дури не се осигура и натаму ова парламентарно мнозинство, бидејќи како и коалиционите партии, и тој не смета дека сега треба да има вонредни парламентарни избори.
Партијата денеска оопшти дека во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ.
Претходно и досегашната потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од функцијата и престанува мандатот на целото раководство.
„Изминатите две и пол години, заедно со раководството на партијата, работевме посветено да одговориме на сите предизвици поврзани со подобрувањето на животниот стандард на граѓаните и меѓународниот статус на земјата, рече Царовска.
Пред Царовска и Горан Сугаревски на социјалните мрежи соопшти дека поднесе оставка од неговата функција, како последица на лошите резултати на локалните избори.