– Отстапките се однесуваат за јасно видливи и важни работи, како што се пописот на населението, изборното законодавство и гласањето со отпечаток од прст, прифаќањето на одложување на одредени примени на законски решенија како што е веќе постигнатиот договор за Законот за пензионирање, кој што го прави пресекот на први јули 2022 година, а ќе се донесе уште сега како би се спремале сите вработени кои ги исполнуваат условите за пензија. Постигнат е договор за законот за бесправни градби. Она што очекуваме се договор за законот за АВМУ, за Клиничкиот центар, со што ќе се направи исчекор за сите тие 27 закони, вели Заев.

Тој ја повика опозицијата да ги ослободи процесите да течат.

– Должност на сите е да обезбедиме функционалност, рече Заев.