Немаа храброст една работа да донесат, како позитивна одлука за државата. Калкулираа со политички рејтинг и фотелји, вели премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на митингот на партијата во Гостивар.

Тој потенцира дека овие 4 години одржавме лекција како се сака државата, како се сплотува народот и како се исполнуваат стратешките определби.

-30 години политичари доаѓаа на плоштадите и ветуваа ЕУ и НАТО. Еве ме мене, исправен пред вас и со вас заедно, денес сме членка на НАТО. Имаме траен и вечен мир, економија, безбедност. Одржавме лекции за многу европски земји, рече Заев и додаде:

-Нас ќе не гласа народот во кој што инвестиравме, а Мицкоски нека го гласаат шмизли, бикови, музеи и споменици. Докажавме дека не сме исти, потенцира премиерот.