Внимателно ја следиме ситуацијата во сите кризни подрачја и повторно апелираме за крајна внимателност од секој граѓанин. Иако изгаснат, огнот сепак знае да тлее и натаму, а смолата од боровите шуми да предизвика повторно палење и загрозување на безбедноста на граѓаните.
Владата на дневна основа ги регулира сите детали околу навремено и рационално распоредување на силите, пожарникарите, војската полицијата и професионалците од шумските стопанства и државните органи со цел да се направи соодветен распоред затоа што летото е уште пред нас.
Се регулираат одлуките за прелетите кон АД „М-НАВ“ за бесплатно користење на нашето небо од странските воздухоплови, а донесена е и одлука за обезбедување керозин, потребни нафтени деривати и други алати за теренски маневар за ЦУК.
Температурите се и натаму високи и можна е појава на пожари и на други места, ако ветрот не се намали. Затоа остануваме внимателни координирано и фокусирано со сите наши сили, со помошта на граѓаните и со помошта од странските земји се надеваме дека ќе бидат ставени под контрола сите пожари во државата и дека безбедноста на граѓаните нема да биде загрозена, напиша Заев на фејсбук.
Заев: Можна е појава на пожари и на други места, ако ветрот не се намали
З
Премиерот Зоран Заев утрово се сретна со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите во беровско-пехчевскиот крај.