– Заменик-амбасадорот на САД изрази задоволство од доаѓањето во земјата, позитивно оценувајќи ги условите за зголемена економска соработка и обезбедување економски просперитет на сите граѓани во земјата, информира владината прес-служба.

Премиерот Заев на средбата истакна дека Владата успешно ја остварува реформската и економската агенда, следејќи ги политиките на отворен дијалог со земјите од регионот.

– Нашата посветеност за демократизација на земјата, почитувањето на правото и искоренување на корупцијата е силна и со огромен ангажман. Условите за инвестирање стануваат се поповолни и се забележува зголемување на динамиката на домашни и странски инвестиции. Нашата основна определба, следејќи ја владината програма е да обезбедиме економски просперитет на нашите граѓани, поттикнување на економскиот раст и давање сериозни причини на младите да не ја напуштат татковината, рече Заев.

Премиерот подвлече дека поддршката од САД е огромна во насока на реализирање на реформите во областа на владеење на правото, обезбедување одржлив раст, поттикнување на конкурентноста, зајакнување на човечките ресурси и дигитализација на економијата.

– На средбата беа поздравени одржливите политики и иницијативи на отворен дијалог со соседите, поттикнување на економската соработка и продолжување на патот за остварување на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија, наведува прес-службата на Владата.