Тој во интервју за српски Курир изјави дека еден премиер на функција треба да остане најмногу до два мандати. Во спротивно, според него, постои ризик премиерот да стане автократ.

– Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Здраво е секогаш да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека тогаш и ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Политиката е како порок – тешко е да влезеш и да излезеш. Но, секако, голема чест е да се биде премиер на својата земја, рече Заев.