Дали ќе има предизборна коалиција односно заеднички кандидат за некоја општина со ДУИ или со некој од другите партнери, Заев вели дека најмногу зависи од личноста која ќе биде кандидирана.

-До крајот на јули ќе ја одржиме средба. Веќе работните групи работат. Еден од условите да седнеме заедно е дека треба да има профилирани кандидати. Тоа е многу важно затоа што ниту Заев ниту Ахмети ниту Мицкоски или кој било не ги носи гласачите во свој џеб па да ги истури на гласачкото место. Гласачите мора да бидат поврзани со личноста. Затоа реков, локалните избори се избори на личност. Партиите имаат влијание, но пресудна е личноста. Многу е важно врз основа на тие анализи да ги правиме коалициите. Очекувам со нашите партнери да имаме најголем процент соработка во првиот круг, во еден дел во вториот круг, во еден дел после изборите, рече Заев.