Сепак, дециден е дека не се потребни нови предвремени парламентарни избори и најави дека после изборите, на 31 октомври, веројатно ќе се случи окрупнување на мнозинство.
Градот Скопје е симболот на победата, веруваме дека можно е да се направи пресврт во Град Скопје заради тоа што вториот круг е многу порасчитена, поразбистрена ситуацијата , „црно-бело“ и верувам дека успехот е можен, вели претседателот на СДСМ Зоран Заев во дебата на ТВ21.
Тој тврди дека СДСМ не изгуби од ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи какошто објасни, ВМРО ДПМНЕ во споредба со било кои претходни избори е има помал број на гласови и го посочи резултатот на Коце Трајановски од 101 000 гласови во 2017 година, и сегашните 85 000 на Данела Арсовска со ВМРО – ДПМНЕ во коалиција со Алијанса за Албанците.
Заев ги спомена и гласовите од кандидатот на ЛДП и ДОМ и за Ана Петровска и другите независни кандидати, за кои гласале 26 илјади граѓани и, како што вели, по филозофијата на определба тие секако не припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО – ДПМНЕ не само што не држи константа, туку паѓа континуирано паѓа. Проблемот е, ние го добивме жолтиот картон од нашите гласачи. Членството, активностите се тука, имавме со што да се пофалиме – комплетно еден нов концепт се демонстрираше и во Скопје и во општините. Модернистички наспроти барокниот. Тоа е паралелата којашто може да ја направиме“, рече Заев.
Тој е убеден дека сакале да ги казнат, нивните гласачи ќе излегле да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ, но уште еднаш повтори дека пораката е примена. Заев рече дека граѓаните ќе се определат дали сакаат да го вратат режимот, барокот, спомениците или сакаат сите тие пари да се насочат во нови зелени површини, нови паркови, нови мостови, булевари, модеренистички решенија